БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Коалицијата „За подобра Македонија“ едногласна: “Договорот од Нивици е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во соопштение до јавноста се обратија од партискиот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ во врска со координативните разговори кои оваа партија ги имаше со своите коалициони партнери околу  Договорот потпишан во Нивици со соседна Република Грција за кој се согласиле сите дека претставува капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета по повеќе основи.

Со него се менува името на Република Македонија, Уставот, националниот идентитет, традицијата, историјата и културата. Со капитулантскиот договор на Заев не само што се брише македонскиот јазик и се откажува од Македонците надвор од границите на државата, Заев се откажува и од Македонците  во границите на Република Македонија.

Коалициските партнери се согласни дека ваквиот капитулантски договор потпишан од уценети политичари не може и не смее да биде покритие за општиот грабеж, расипништвото и хедонизмот на власта.

Државата доживува крах на сите полиња.  Економијата е пред колапс, образованието и здравството се гушат во проблеми, а земјоделието пропаѓа. Единствено што функционира и што е организирано е криминалот на картелот на власт, кој не пропушта секоја јавна набавка да ја додели на фирми во сопственост или блиски до функционери на власта.

-соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот