• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

КАКО ДА (НЕ)ГЛАСАМЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ? (трет дел) од Д-р Горан Ковачев

септември 3rd, 2018 Македонија коментари 612
КАКО ДА (НЕ)ГЛАСАМЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ? (трет дел) од Д-р Горан Ковачев

Влезот на Македонија во НАТО и ЕУ е стратегиска определба на државата од нејзиното осамостојување до денес. Според анкетите, голем број Македонци и останати граѓани на Македонија се за влез на нашата држава во овие меѓународни организации, но уште поголем е бројот на оние кои се против промената на името заради остварување на оваа цел. Не е занемарлив бројот и на оние кои се против каков било влез на Македонија во НАТО и/или ЕУ. Сите ние, независно во која група спаѓаме имаме апсолутно право да го изразиме, браниме, но и менуваме својот својот став, доколку утврдиме поинаку. Тоа е неотуѓиво демократско право загарантирано во цивилизираниот свет. Но исто така неотуѓиви демократски и човечки права загарантирани во цивилизираниот свет вклучувајќи ги НАТО и ЕУ како меѓународни организации и поголемиот дел од нивните земји-членки треба да бидат правата на самоопределување, самоидентификување, фундаментални слободи и дигнитет, немешање во внатрешните работи, неотуѓивост и владеење на правото. Она што е заеднички именител и на приврзаниците и на противниците на овие две организации во нашата земја е желбата за почитување на достоинството, интегритетот и суверенитетот на Македонија и Македонците.

Пред да ги направиме следните чекори мораме да земеме предвид дека откако прв пат ја артикулиравме нашата желба за членство во НАТО и ЕУ, овие организации многу се променија и околностите сега и тогаш се многу поразлични. Во меѓувреме светот стана мултиполарен, а државите повеќе не се поделени во цврсти антагонистички блокови туку се борат да влезат во математички кажано што повеќе пресеци на множества заради остварување на нивните национални интереси. Денес, не е никакво изненадување или преседан кога Германија, Унгарија, Грција, Бугарија (членки на НАТО и ЕУ) соработуваат со Русија и Кина на енергетски, економски и инфраструктурен план, кога Турција (членка на НАТО) соработува со Русија на воен план, кога ЕУ или Канада (членка на НАТО) го поддржуваат ставот на Кина во „трговската војна“  со нивниот „сојузник“ САД и цела низа на слични примери.

Последните самити на НАТО покажаа големи несогласувања помеѓу земјите-членки за идната стратегија на Сојузот во поглед на односот кон „трети земји“, проширувањето и „мигрантскиот бран“. Посебно актуелна тема се издатоците за одбраната кои треба да изнесуваат 2% од БДП (на последниот Самит беа спомнати  4%). За Македонија тоа би значело издатоци од најмалку 180 милиони евра (или 80 милиони евра повеќе од сега), доколку се остане на условот од 2% или најмалку 360 милиони евра (или 260 милиони повеќе од сега) доколку се инсистира на условот од 4% за вооружување и тоа со единствена цел – одбрана од непознат агресор вон НАТО пактот.

Ситуацијата со ЕУ е уште подраматична. Брегзит, двете брзини на Европа, заморот од проширувањето, поделбата на демократии и автократии, евроскептицизмот, подемот на националните држави наспроти евробирократизмот, економската состојба, мигрантската политика се само дел од проблемите за кои во ЕУ постојат огромни несогласувања. За очекување е дека на среден рок нема да постои расположение за прием на нови земји во Унијата барем до решавање на дел од овие горливи внатрешни проблеми.

Приврзаниците на договорот за промена на името тврдат дека со нашето членство во ЕУ дополнително ќе се отворат европските фондови за нашата држава. Но, прашање е колку од тие фондови кои внимавајте – не се наменети за плати и пензии и не се делат во вреќи како што постои одредена перцепција, реално ќе завршат во државата и кај граѓаните? На пример; што досега нè спречуваше и оние европски фондови што во моментов ѝ се ставени на располагање на Македонија да бидат искористени повеќе од 30% како што е тоа случај во моментов? Името или нешто друго…? Ако ние сами не собереме сила да се бориме за подобар живот, право и правда, општество без криминал и корупција, ниту една меѓународна организација и ниту сите пари на светот тоа нема да ни го овозможат. Без внатрешни реформи членството во ЕУ и НАТО е само форма и нема да ги одврати луѓето да продолжат да ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот. Еве и еден податок: според истражувањата на Henrekson et. al 2008, членството во ЕУ на новите-земји членки од 2004 година им овозможува дополнителен годишен пораст на БДП од 0,8%. Што овие 0,8% би ни значеле нам ако нашата економија и понатаму продолжи да расте со исклучително ниски стапки на раст како што е тоа случај во последниов период?

Сега доаѓаме до клучната дилема: Дали со промената на името ќе бидеме побогати?

Богатството и сиромаштијата ги има во сите земји во светот. Ги има и во земјите-членки на ЕУ и НАТО, секако ги има и во земјите вон нив. Богатството или сиромаштијата се релативни и зависат пред сè од личната перцепција и состојбата на духот кај поединците или историските процеси и државното уредување кај општествата. Меѓутоа, философски, теолошки, математички и економски општоприфатена аксиома е дека богатството се стекнува на три начини: со љубов и почит, со образование и со труд.

Љубовта и почитта се клучни за духовно богатство, а тоа е предуслов за материјално богатство како на поединците така и општествата. Љубовта кон семејството, роднините, пријателите, соседите, татковината како и почитта кон средината, околината, јавното добро, приватната сопственост, различностите, уставот и законите, односно воспитувањето, толеранцијата, хуманоста, личниот интегритет, моралот и етиката создаваат здрав амбиент за предвидливо однесување и напредок. Тоа е основа за изградба на стабилно и безбедно место за живеење. Повеќе европски, но и многу светски нации со внатрешен консензус одамна достигнале високо ниво на овие вредности не чекајќи друг да го направи тоа за нив или да им биде донесено од некакви интеграции. За да им се приклучиме и ние, не ни е потребна промена на нашето име туку промена на односот кон самите себе си и кон нашите сонародници, т.е. редефинирање на општествените вредности.

За значењето на образованието не треба посебно да се елаборира. Доживотното учење, постојаното читање, унапредувањето на знаењата и вештините овозможуваат поквалитетно извршување на работните обврски, а со тоа отворање на повеќе алтернативи за вработување и опции за поплатени работни места. Тоа во перспектива носи „магичен круг“ на подобри образовни институции кои ќе произведат подобри лекари, инженери, економисти, правници, земјоделци, занаетчии, со еден збор поквалитетни работници кои ќе заработуваат повеќе и ќе придонесуваат повеќе за себе и за државата. За да го постигнеме ова, не ни е потребна промена на нашето име туку целосна внатрешна реформа на образованието и воспитанието.

Трудот е единица мерка за работа, а постојаниот труд е единица мерка за неуморна, напорна работа и професионализам. Да се биде вреден и почитуван работник е едно од највисоките достигнувања на човечкото битие. Култот кон работата, но и постојаната борба за работнички права ги направиле богатите земји – материјално богати. Трудот претставува излез од „комфорната зона“, напуштање на status quo, борба за лична и општествена продуктивност, ефикасност и конкурентност. Тоа е патот кон подобро и побогато општество, а не промена на името! Бајките за Елдорадо, Шангри-Ла, Агарта и други ветени земји во кои само треба да влеземе и ќе бидеме богати се само тоа…бајки, а во нив сè помалку верува и мојот 4-годишен син.

Формулата за успех, напредок и богатство е многу едноставна: да сакаме, да почитуваме, да учиме и да работиме! Кога еднаш ќе ја примениме оваа формула, за многу кратко време ќе дојдат слободниот пазар, владеењето на правото, искоренувањето на криминалот, митото и корупцијата. Тогаш капиталот сам ќе дојде и ќе го зголеми богатството на сите нас, не прашувајќи дали нашата земја е членка на оваа или онаа организација. Здравиот дух на нацијата и приливот на капитал ќе го зголеми квалитетот на животот, а квалитетот многу повеќе носи интеграција, отколку што интеграцијата носи квалитет. Земјите кои имаат високо-квалитетен живот имаат и отворена покана за евроатланска интеграција без никаков дополнителен услов, а уште помалку барање за некаква си промена на името: Исланд, Норвешка, Швајцарија, Андора, Лихтенштајн, Сан Марино, Монако се со отворена покана за членство во ЕУ и Швајцарија, Австрија, Ирска, Шведска, Финска, Малта се со отворена покана за членство во НАТО.

Почитувани читатели, ова е последен дел од трилогијата посветена на договорот за промена на името. Во деновиве пред неминовниот референдум апелирам сите внимателно да го прочитаме договорот и да размислиме што добиваме, а што губиме со него. Да размислиме дали е потребна жртвата што треба да ја поднесеме наспроти празните ветувања и хипотези. Да се запрашаме што од досега ветеното од т.н. меѓународна заедница, но и од домашните политичари беше исполнето во изминативе 27 години кога од нас се бараше и се доби: прифаќање на референцата, промена на знамето, прифаќање на резултатите од разноразните благо кажано „спорни“ избори, прифаќање на бегалците од балканските војни, транзитирањето на странски воени сили за интервенции во трети земји, постојаните промени на Уставот под притисок на разни надворешни и внатрешни субјекти итн? Да се запрашаме дали со промената на името нема наскоро да дојдат барања и за други отстапки? Дали вистинските пријатели се закануваат доколку не се реализира ова или она сценарио? Да се запрашаме дали името ни е виновно за нашата материјална и духовна беда, за криминалот, митото и корупцијата, за лошиот политички систем и уште полошите политичари, за невладеењето на правото и правната држава, за небезбедноста, за нефункционирањето на целокупната хиерархија на општественото живеење – централната власт, локалната самоуправа, месните заедници, куќните совети, семејствата…? Дали името ни е виновно за лошото здравство, образование, меѓунационални односи, сивата економија, нечистотијата, иселувањето…?

Почитувани сонародници и сограѓани! Една стара еврејска мудрост вели: „Ако купуваш куќа, прашај го продавачот дали му е наследство од предците или ја градел сам. Ако му е наследство, купи ја затоа што ќе купиш куќа која ќе ја продаде ефтино, а ако ја градел сам, не купувај ја затоа што цената ќе биде висока…тоа е цената на неговиот дом!“ Ние ја добивме нашата држава и нашето име од нашите предци, но тоа не значи дека треба да ја продадеме ефтино. Напротив, треба да ги засукаме ракавите и да ја изградиме во модерна и здрава држава, така силна што таа и нејзиното име ќе бидат бесценети и никој не ќе може да ги купи. Да бидеме херои на нашето време и за нашите деца. Тоа е патот за европска и слободна Македонија, а не промена на името!

Во спротивно, колку ли само бедно и трагикомично ќе изгледаме кога секогаш, во секоја прилика, јавна или приватна, во медиуми, на спортски натпревари, на училиште, факултет, дома или во странство, во официјални или во неофицијални прилики, пред блиските и подалечните луѓе ќе ни доаѓа да го кажеме „она на М“, а ќе мораме да го кажуваме она другото…?

Превземено од блогот на авторот Д-р Горан Ковачев

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Коалицијата „За подобра Македонија“ едногласна: "Договорот од Нивици е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета
Следна објава Панде Колемишевски: Заради „повисоки цели“ страдале народи и цели држави
Може да Ве интересира:
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 25
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му
Македонија

"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1354
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 167
Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија
Македонија

Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија

јануари 24th, 2021 226
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 152
"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат
Македонија

"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат

јануари 22nd, 2021 256
Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование
Македонија

Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

јануари 21st, 2021 302
Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир
Македонија

Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир

јануари 21st, 2021 158
Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!
Македонија

Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!

јануари 17th, 2021 510
Facebook Comments
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

1690
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

796
Најнови објави
Мар 1st 7:26 AM
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Фев 28th 7:44 PM
Твитеризам

Дурло: Радувај се severXhanistansko graХhanstvo, имате антиваксерска влада!

Фев 28th 7:36 PM
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите…

Фев 28th 7:01 PM
Регион

Како ли само изгледа од внатре цевкава која носи вода за пиење за жителите на М. Каменица

Фев 26th 10:46 AM
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021 311
Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...

Фев 28th, 2021224
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021174
Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 26th, 2021153
Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира
Регион

Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира

Фев 7th, 2021116
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
36710294693 1b59a19f93 o
burning man 2017 07
Kelly Brook 21
37286689880 9cc8c01498 o
Kelly Brook 35
12-11-2015-1447338722
Kelly Brook 18
56555895 2247694252148838 3356839472393093120 n
burning man fest 003
Jim Morrison 38
floor jansen 55
COB Shoot-3 0223-585x390
Monica Bellucci 112
trees04
37379984881 193cec35a4 o
60323068 2261370297279640 751337041614077952 n
burning man fest 095
laura-wells 08
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.