Телевизискиот канал Zjarr TV од соседна албанија имале специфичен начин на комуникација со својата публика чии што бројки вртоглаво растеле од појавата на каналот.Во ударните термини на информативните емисии презентерките на телевизијата настапувале без долна облека, што како визуелен ефект имало голем удел во гледаноста и популарноста на овие емисии.
Сопственикот на телевизијата ваквиот мотив го оправдува со потребата што поефективно да допре до поширока публика, на кој начин да ја пренесе вистинската информација до гледачите.
“Во Албанија кога вестите се манипулираат од страна на политички авторитети, на гледачот му е потребен канал кој што ги пренесува вестите такви какви што вистински се- разголени.”
-соопштил сопственикот на Zjarr TV во врска со оваа негова стратегија да допре до поголем аудиториум.
Оваа стратегија во албански рамки се чини дека функционирала добро затоа што каналот забележал постојан раст на публиката за време на ваквиот начин на презентација на вести.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?