Настрана од очите на јавноста градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски ги донирал парите од покачување од 78% на платите на сите функционери во државата наспроти енормната сиромаштија на мнозинството граѓани.
Муцунски без камери, без никакви објави, без обиди за прибирање на политички поени, овој износ на пари во континуитет го донирал онаму каде што е најпотребно за различни хуманитарни и општествени цели. Така градоначалникот на Аеродром донирал за лекување на билни деца, донирал за семејства на уставобранители, за Фондација Св. Спас, за талентирани ученици кои требало да одат на математичка олимпијада во ЈАпонија, како и за поддршка на опстојувањето и работата на ФК Вардар.
Ваквиот пример мора да биде истакнат во јавноста се со цел за оваа појава не да биде начин за нечија афирмација туку пракса за подобар и достоинствен живот за сите Македонски граѓани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Македонија со историски раст од над 1 милијарда евра на странските инвестиции
Средба на Премиерот Мицкоски со заменик помошниот секретар за Западен Балкан на Стејд Департментот во Вашингтон
ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, и дали ако е лесен нема потреба од разрешување