Со сретства обезбедени од Буџетот на општина Штип започна уредувањето на јавните површини за жителите на колективните стамбени згрди на улицата Карл Маркс во Штип. Овие активности кои ги спроведува Јавното претпријатие “Исар” од Штип се дел од политичката платформа на градоначалниот Ивн Јорданов за обезбедување на подобри услови за живот на сите граѓани на Штип.
“Заедно со ЈП Исар започнавме партерно и хортикултурно уредување на пристапните влезови на станбените згради на ул. Карл Маркс. Овие средства се обезбедени од Буџетот на Општина Штип, затоа што секоја населба заслужува модерен и урбан изглед.”
-информираше градоначалникот Иван Јорданов во јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип