БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Да не ги претвориме училиштата во смртоносни кластери!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со актуелниот проблем за дефинирање на спроведувањето на наставата за учениците на сите нивоа во воспитно образовниот систем во државата, во јавноста со свој став излезе Комисијата за образование и наула на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение во целост го пренесуваме нивното соопштение упатено во јавноста преку социјалните мрежи:

“Почитувани,
Власта на СДСМ воопшто не се грижи за здравјето на учениците, наставниците и вработените во образованието. МОН и Комисијата за заразни болести треба да знаат дека училиштата не се згрижувачки туку воспитно-образовни институции. Основното и средното образование се задолжителни и токму затоа не смее да се експериментира и на никој начин не смее да се доведе образованието во опасност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не смеаат да се носат избрзани одлуки и затоа надлежните пред да донесат конечна одлука за оваа учебна година треба да одговорат на неколу прашања:
1. МОН мора да излезе со точна бројка, и тоа колку од наставничкиот и образовниот кадар се во ризичната група?
2. Колку од услужните дејности за хигиена во училиштата се во ризична група?
3. Колку точно луѓе се вработени во делот за одржување на хигиена во објектите за настава?
4. Што значат 20 или 40 минути за ширење на вирусот?
5. Колку деца се дел од ризичната група?
6. Колку родители/членови на семејство со кое домува ученикот се дел од ризичната група?

Надлежните треба да знаат дека без овие податоци, редовна настава не може да почне. Вработување во хигиена во училишта не е предизвик како партиските вработувањата во ЕЛЕМ, ама сега ги покажа недостатоците. Ширењето на вирусот не може да се премижи заради фингирани анкети.
Кое е решението за учениците со попреченост и за учениците кои треба да престојуваат во ученички домови?
Дали Владата е подготвена доколку се појави корона кластер во училиштата?
Кој ќе ја сноси одговорноста доколку не се заштити здравјето на граѓаните?

МОН мора уште еднаш да размисли за воведување избор за родителите и учениците:
1. Учење на далечина преку секојдневна платформа
2. Домашно учење – систем на полагања како класен испит.

Да не се доведува сиот систем во опасност од крахирање заради глумење ,,нова нормалност”!
Да не се доведуваат животи во опасност заради глумење нормалност!
Да не ги претвориме училиштата во смртоносни кластери!
Образованието е задолжително, а државата мора да стори сѐ, за да го заштити сечиј живот. И на децата и на семејствата и на кадарот во образованието.”

Креирано од:


Пренеси го гласот