БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конечно СДСМ призна дека моделот за развој на државата преку ТИРЗ на ВМРО-ДПМНЕ дава добри резултати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СДСМ заборави се што зборуваше пред да дојде на власт за Технолошко индустриските развојни зони, кои што ВМРО-ДПМНЕ ги воведе како модел за развој на Република Македонија.

На прес конференција од партиското едиште Пратеничката на СДСМ Марија Костадинова ги пофали резултатите кои што ги покажуваат ТИРЗ-овите ширум државата иако кога СДСМ беше опозиција наголемо ги критикуваше истите, како и целосната политика за привлекување на странски инвестиции во нив од страна на владините тимови во тогашната влада на Никола Груевски.

“Успешните и навремени економски политики на Владата предводена од СДСМ придонесуваат економијата да се развива со засилено темпо, а последиците од коронакризата веќе да станат минато.
Еден од последните докази за тоа е и економската активност во Технолошко индустриски зони, која во вториот квартал од оваа година е на највисоко ниво во последните четири години.
Според официјалните податоци, во вториот квартал од 2021 година, извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра што е за 140% повеќе од истиот период во 2020 година додека во однос на 2018 година порастот е околу 27%.
Извозната активност и во јуни оваа година е највисока на месечно ниво споредено со изминатите 4 години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе од истиот месец од минатата година.
Истовремено, продолжува и растот на новоотворени работни места во ТИРЗ-овите. Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7 отсто во однос на истиот месец од 2020 година.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-рече Марија Костадинова од партиската говорница во седиштето на СДСМ.

Притоа таа денеска ја поздрави инвестицијата која што канадска компанија ја реализираше во една од ТИРЗ-овите.

На ваквата прес конференција ан СДСМ свое соопштение до јавноста упатија од ВМРО-ДПМНЕ со кое ги разобличија погрешните политики на СДСМ како и обидите лицемерно да ја присвојат за себе заслугата за позитивниот учинок во развојот на Македонија на ТИРЗ-овите, во услови кога СДСМ нема капацитет да сработи било што свое за развој на државата:

“СДСМ денес го презентираше и пофали економскиот модел на ВМРО – ДПМНЕ

Денес, Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ оддаде официјално признание на економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ. Да ја потсетиме јавноста дека Технолошко индустриски зони беа креирани од ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така да ја потсетиме јавноста дека тогашната опозиција предводена од СДСМ жестоко ги критикуваше овие инвестиции. Заев и опозицијата велеа дека ваквите инвестиции се криминални.

Денес СДСМ без срам ја поздрави инвестицијата на канадската компанија Магна. Со каков образ СДСМ – партијата која ја убедуваше јавноста дека овие инвеститори само ја искористуваат евтината работна сила во Македонија, денес поздравува нова инвестиција во ТИРЗ – проектот на ВМРО? ВМРО-ДПМНЕ и честита на оваа компанија и на сите останата компании кои ќе дојдат да инвестираат во нашата земја, а особено во проектот ТИРЗ.

Почитувани, во вториот квартал извозот забележа солиден раст токму благодарение на Инвестициите во новите странски капацитети кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Република Македонија.

Џонсон Мети во Скопје, Дрекслер Маер во Кавадарци, Гентерм во Прилеп, Амфенол во Кочани, Костал во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола, Johnos Safety во Кичево, Адиент сеатинг во Струмица и Штип…. Се фабриките со кои ВМРО Се гордее, а СДСМ велеше дека се лоши за македонската економија.

Овие фабрики учествуваат со над 60% во македонскиот извоз и вработуваат илјадници луѓе. Ова е економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ кој невработеноста ја спушти од 38% на под 17%.

Колку е иронично што денес СДСМ да учествува на промоција на проект на ВМРО-ДПМНЕ, кој дури беше во опозиција остро го критикуваше. “

-стои во партиското сооптение на ВМРО-ДПМНЕ упатено преку Комисијата за финансии.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace