Премиерот на Владата Димитар Ковачевски на социјалните мрежи ја најави исплатата од дополнителни 1000 денари помош за пензионерите кои ќе им легнат на сметките за месеците март, април и мај заедно со пензиите.
“
Мартовските пензии со дополнителните 1000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март.
Со оваа исплата започнува реализацијата на финансиска поддршка која ја обезбедивме за сите пензионери во време на криза. По дополнотелни 1000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај.
Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пезниите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани.”
-напиша на фејсбук Димитар Ковачевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија