Денеска додека пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ своја прес конференција имаше Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ во кадар се појави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Каевски во името на СДСМ која што е партијата на власт во државата во последните 5 години паушално зборуваше за тоа како според него ВМРО-ДПМНЕ станала најбогата партија во Европа.
“ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција.
Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае.
Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.
Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела.”
-рече на својата прес конференција Дарко Каевски од СДСМ.
Додека тој го читаше напишаниот текст на прес конференцијата со контра-аргументи се приклучи и Наум Стоилковски- портпарол на ВМРО-ДПМНЕ кој го праша Каевски како на 30 годишна возраст се заработуваат 4 милиони евра во банка.
Целата драматична атмосфера може да ја погледнете во видеото во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Брзата пруга станува реален проект. За час и половина ќе се стигнува до Солун
Николоски: Имаме пет клучни проекти во здравството кои ќе ги реализираме благодарение на договорот со Велика Британија, а наша амбиција е и модерен клинички во Скопје
Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар