Денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева ја алармираше јавноста за постојаниот пад на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” на репрезентативната Шангајска листа на универзитети во светот, која го зема во предвид квалитетот на образование кои што го добиваат студентите.
Таа во своето обраќање до јавноста направи ретроспектива на рангирањето на УКИМ во последните неколку години додека на власт во државата е СДСМ и ДУИ кои се најодговорни во државата за лошите образовни политики.
Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст и видео од прес-конференцијата на Митева:
“Три години по ред УКИМ бележи пад на рангирањето на Шангајската листа.
Од 1816 место во 2019 година, денес универзитетот се наоѓа на 1944-то место. Образованието од година во година ни тоне, погрешните реформи и стратегии кои се преземаа од страна на власта, го потврдуваат нивниот негативниот ефект.
Целокупниот воспитно образовен систем е во криза со оваа власт која не спроведе ниту една позитивна мерка која би го подобрила стандардот на учениците, средношколците и студентите.
Во овој момент, за неконзистентноста на системот говори самиот факт што учениците посетуваат настава со физичко присуство, а студентите сѐ уште онлајн дури и на практична настава и вежби.
Оваа власт на СДСМ и ДУИ не иницира иновации, нема нови унифицирани бази на податоци, нема реформи во високото образованието кои се спроведуваат согласно со потребите на пазарот на трудот и општествените потреби.
Затоа науката е на ниско ниво и затоа имаме ниско рангирање на Шангајската листа. Истражувањата направени минатата година потврдуваат дека образовните политики на актуелната власт се исклучително погрешни.
Оваа власт не се вклучи со ниту еден генерален став за избор на стратегија за образовниот процес, туку истото зависи од желбата на оној кој е министер за образование.
УКИМ во моментов како да нема ректор, затоа што универзитетите не се вклучуваат во општествените процеси во државата иако има потреба од тоа.
Почитувани, со ваквиот однос се докажува дека со оваа власт политиката е длабоко вкорената во образованието.
УКИМ е на листата позади бројни универзитети од регионот и секоја следна година бележи пад на ранг листата.
Декларативните заложби на оваа власт уште еднаш потврдија дека образованието како главен инструмент за развој на државата е на последно место на нивната листа на приоритети, ако воопшто ја имаат,
-алармираше Марија Митева- портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип