БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Јас лично го сликав возилото на оперативците од АНБ кои го следеа Христијан Мицкоски во Прилеп

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Штотуку ме информираа дека во текот на вчерашниот ден полицијата и агенти на АНБ правеле претреси и малтретирале граѓани за кои се сомневаат дека го сликале возилото со кое се вршеше следење и документирање на активностите на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за време на неговата посета во Прилеп.

Според тоа што сум информиран, 3 (тројца) македонски граѓани биле испрашувани кој го сликал возилото.

Полицијата на Оливер Спасовски продолжува да малтретира граѓани само затоа што истите не сакаат да им се потчинат на анти-државниот концепт на СДС и ДУИ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Злоупотребата и на МВР и во АНБ исклучиво во партиски цели е видлива и тоа сите го гледаат, а за жал и го чувствуваат.

Еве за да не ги малтретираат граѓаните, јавно потврдувам дека лично јас го сликав возилото на оперативците на АНБ и истото го објавив на социјални мрежи затоа што тоа е доказ дека дека АНБ не е реформирана и крши основни човекови права по наредба на Виктор Димовски и Оливер Спасовски.

Наместо да си дадат оставки што живи ги фативме како ги кршат темелните Уставни вредности, овие двајца продолжуваат да малтретираат граѓани.

Ги имаме имињата на партиските послушници, а постојат и други докази за кои поединци ќе треба да одговараат после промената на власта и ослободувањето на институциите.

#ГенераленРемонт

-фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace