БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Г-ѓо Шеќеринска доколку сте убедена во тоа што го говорите, повелете на ТВ дебата да ги разјасниме работите во одбраната

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки откако беше спомнат во програмата на една национална телевизија од страна на Радмила Шеќеринска ја повика Министерката за одбрана на зеадничка ТВ дебата за да ги разјаснат во јавност состојбите во ресорот одбрана.

“Во недостиг на политичка мудрост и широчина, а сепак со ништо непредизвикана, искажувајќи ја својата немоќ, г-ѓа Шекеринска повторно манипулира и ме спомена во нејзиното интервју на една национална телевизија.Мислам дека не е пристојно носител на јавна функција да споменува лица кои не се присутни во просторијата и кои немаат можност да се бранат.Г-ѓо Шекеринска, Вашето време помина. Веќе никој не Ви верува во тоа што го говорите. Ви помина времето кога како боксерска вреќа си ги третиравте политичките противници. Времињата од минатиот век кои ги паметите, се сменија. Дуваат нови ветрови, помина времето на византиските игри кои се обидувате да играте и тоа и народот а и Вашите сопартијци го препознаа. Г-ѓо Шекеринска, имав можност да Ви го погледнам интервјуто, па како член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доколку сте убедена во тоа што го говорите, повелете на ТВ на заедничко гостување за да на јавноста заеднички и’ ги појасниме работите во одбраната со кои вие се гордеете, а јас како граѓанин се срамам.Бидејќи сте дама, Ви оставам да изберете водител и телевизија на која би го направиле гостувањето во следните 7 дена.”

-напиша Драган Ковачки на фејсбук.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace