Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово Бошко Цветковски денеска во јавноста упати своја реакција во врска со изградениот споменик на коњ од страна на локалната самоуправа во Лозово.
Претседателот Цветковски јавно го прашува градоначалникот Ацо Велковски кои се причините за изградбата на овој споменик при што му ги предочува законските можности за реализација на еден таков проект.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Бошко Цветковски упатена во јавност преку социјалните мрежи:
“Се моли “Локалниот Шериф” да престане да не резили пред светот!
Јавно го прашувам Велковски, дали знае дека:
1.Со подигање на меморијални споменици и спомен- обележја се одбележуваат значајни настани и истакнати личности од историјата и културата на граѓаните на Република Македонија, на Македонскиот народ како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, како и историјата и културата воопшто, кои се од исклучително значење за општествениот развој на Република Македонија, со што се придонесува за остварување и унапредување на слободите и праватана граѓаните, како и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.
2.Меморијални споменици, претставуваат поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата, скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите наведени погоре, а кои се од исклучително значење за Република Македонија.
3.Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој наземјата…
4.Спомен- обележја, може да бидат: бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела итворби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности или од народната традиција, кои се од локално значење..Тогаш како овој таканаречен “СПОМЕНИК” има било каква поврзаност со се ова што го имам наведено погоре?! Што симболизира?! Шерифување?! И како ќе го наречете? “КОЊОТ НА ШЕРИФОТ”?!
Дали целта е олеснување на касата на Општина Лозово за одредена сума?
Престанете да не резилите пред светот!!! Обезбедете квалитетни јавни услуги за сите граѓани, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, навремено собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина и сл.. Тоа е она што треба да го прави еден ГРАДОНАЧАЛНИК!! Но на тоа требаше да мислите во изминатиот период, граѓаните на општина Лозово гледаат и ќе ве Казнат на претстојните Локални ИЗБОРИ!!
п. с. Уште малку остана, а потоа:ОДГОВОРНОСТ!!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи