Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во рамки на својата посета на Штип оствари работна средба со претставници на здружението “Гласен Текстилец”.
На средбата била констатирана поразителната вистина дека до крајот на минатата година над 7000 вработени во текстилната индустрија останале без своето работно место и егзистенција. наспроти неуспешните политики на актуелната власт да се справи успешно со негативните ефекти на корона кризата.
“Она кое што имавме можност да го слушнеме од здружението „Гласен текстилец“ се проблемите со кои што се соочуваат текстилните работници и работнички. До 31 декември 2020 година повеќе од 7.000 текстилни работници останале без своето работно место и без егзистенција. Сето она кое што претставува предизвик во работењето можевме детално да го слушнеме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме гласни во Парламентот и во овој следен шести пакет помош мерки кои што треба да бидат исплатени ќе бараме и ќе инсистираме да барањата на текстилните работници посебно бидат вклучени во тој шести пакет.”
-Соопшти Христијан Мицкоски во врска со оваа средба преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи