Денеска во изјава за медиумите Ковачки ги повика граѓаните од третата изборна единица за присуство и масовна поддршка на првиот митинг со кој што започнува кампањата на Професорката Гордана Силјановска Давкова во рамки на Претседателските избори.
“Време за важни одлуки. Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.
Од денеска започнува крајот на националните понижувања, на газењето на македонското национално достоинство и на газењето на Македонецот.
Време е за нова иднина. Време е за нова надеж, за проекти и за реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата. Време е професорката Гордана Силјановска Давкова да стане претседател на сите граѓани на Македонија.
Македонија горда. Македонија исправена. И секако Европска Македонија. За Македонија повторно да биде твоја вечерва ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат и иден претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.”
-рече Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ цво својата изјава за јавноста денеска

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!