Теренски работни активности на одделение за градежни работи за пролетно уредување и подготовка за пуштање во употреба на чешмите за пиење на вода во Кочани и населените места на 04 април 2024 година
Екипите од одделение за градежни работи денес спроведoa акција за бојадисување на повеќе чешми за пиење на вода во Кочани кои се во надлежност на претпријатието и кое ќе врши секојдневни проверки и контроли на сите чешми. Во текот на наредните денови санацијата и уредувањето на чешмите за пиење на вода во Кочани и населените места ќе продолжи, по што сите чешми и фонтани ќе бидат ставени во функција.
Честопати се случува граѓаните да се однесуваат неодговорно и да ги оштетуваат вентилите за регулација на млазот па затоа упатуваме апел до граѓаните совесно и одговорно да ги користат чешмите.
Извор: КЈП “Водовод” Кочани
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин