БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поставени нови контејнери за собирање и селектирање на електричен и електронски отпад во Карбинци

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ја информираше јавноста дека на територијата на општината се поставеени контејнери за собирање и селектирање на електричен и електронски отпад.

Ваквата активност се реализира во функција на борбата на локалната власт за зачувување на животната средина.

“Во соработка со ЈП Плачковица и Друштвото за управување со отпад „Елколект“, поставени се контејнери за собирање и селектирање на електричен и електронски отпад на две локации, пред општинската зграда и во с.Таринци, и помали садови за собирање на електричен отпад во сите подрачни училишта на територија на општина Карбинци!

Сите заедно, совесно и одговорно со собирање и правилно селектирање на отпадот можеме да придонесеме кон подобрување на животната средина и остварување на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни и позитивни ефекти во нашата општина!”

bregalnickimarketing

-информираше градоначалникот Виктор Паунов преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот