Од денеска па се до 22 април ќе трае претседателската кампања на кандидатите за претседател на Република МАкедонија.
Во трката за највисоката државна функција се 7 кандидати поддршани од коалиции и политички партии.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ именувана како “Твоја Македонија” е со поддршка на Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова која што преку социјалните мрежи сподели промотивен видео спот со моќни пораки за сите граѓани на Република Македонија.
“Времињата се тешки. Насекаде анархија и хаос. Корупцијата и криминалот владеат. Надежта исчезнува, а со неа и народот. Државата е одземена. Граѓаните се понижени. Неправдата бара решителен одговор.
Време е за промени. Неопходен е глас на разумот. Време е да си ги вратиме довербата самопочитта и почитта. Време е да ја вратиме гордоста. Да се обединиме. Да ја вратиме надежта. Од нас зависи. Да им ставиме крај на понижувањата. Да им го вратиме достоинството на граѓаните и гордоста на Македонија. Институциите мора да му служат на народот а не на поединци. Да се избориме за успеси и победи ои да ги вратиме среќата и радоста. Македонија повторно горда. Слободна, правна, стабилна и средена држава. Македонија повторно горда. Европска држава на достоинствени граѓани- слободни, безбедни и во благосостојба. Еднакви, обединети во различностите, среќни. Македонија повторно горда. Да се почитуваме себеси за да не почитуваат другите.
Ветувам дека ќе бидам бедем и глас на Македонските граѓани и на Македонската држава. Изборот е јасен:
Македонија повторно горда.”
-вели професорката Гордана Силјановска Давкова во нејзиниот промотивен видео запис.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово