БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Оливер Спасовски ја излажа македонската јавност за два клучни моменти

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки повторно ја алармираше јавноста за пропустите на најодговорниот Оливер Спасовски за истрагата за монструозните убиства кои ја потреса целокупната македонска јавност во изминатиот период:

Прво, дека возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато.

Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања.

Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација, што укажува на уште една лага на МВР Спасовски.

Потенцираме дека овој податок го има и Спасовски, а зошто ја лаже јавноста не знаеме, и бараме одговори.

МВР на Спасовски целосно потфрли и за ова мора да има одговорност.

Најмалку сакаме овие информации кои ги објавуваме да се сфатат во насока на некакво партиско политичко препукување. Но, должни сме јавноста и сите граѓани да предупредиме на пропустите во истрагата на министерот Спасовски како и на нивните погрешни информации кои ги соопштуваа, кои доколку не се случеа, убијците на Вања ќе беа откриени и немаше да се случи второто убиство.

Очекуваме одговори на нашите прашања.”

-стои во текстот на денешната прес конференција на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace