Пред неколку дена Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство се пофали дека како власт ќе градат голем ски центар на Осоговските планини што ќе било во прилог на развој на економијата и отварање на нови работни места. Ваквото ветување на министерот Николоски доаѓа во предизборен период но не е прво од таков вид. Исто такво ветуваење за развој на туризмот на Осоговските планини министерот даваша и во 2020 година пред парламентарните избори, но до ден денес таквите ветувања останаа само убаво излажани зборови.
Додека Николоски се обидува да ја ублажи неспособноста на неговата влада со повторни ветувања за исти работи, спомнувајки некакви студии и документација за Осоговските планини, за Туристичкиот локалитет Голак нема никакви најави за започнување на изградбата на Ски патеката која што беше проектирана уште во 2015 година од страна на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
За игнорантскиот однос на актуелната власт на СДСМ на централно и локално ниво во Делчево за развојот на туризмот на планината Голак своја тематска прес конференција имаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево:
“Дали градоначалникот на Делчево Горан Трајковски е “пуштен низ вода” од страна на Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски?
Развојот на Туристичкиот Локалитет Голак во Делчево, ќе почека некои подобри времиња додека владата на СДСМ можеби ќе инвестира во развој на Осоговијата. Значи ли тоа дека СДСМ по којзнае кој пат заборави на економскиот развој на општините Делчево, Берово и Пехчево кои се повеќе се изолирани без инвестиции за економски развој од страна на Владата на СДСМ и ДУИ, или ова е можеби уште една предизборна лага на СДСМ .
Секоја инвестиција во регионот е добредојдена, но приоритетите за развој на државата се сериозно изместени од страна на краткогледоста на актуелната влада на СДСМ.
Наместо економски да се развива најнеразвиениот дел од регионот каква што стана општина Делчево со владеењето на Горан Трајковски, нашата општина ќе продолжи да тоне во сиромаштија и исселување на граѓаните. За тоа е “заслужна” директно неспособноста на Горан Трајковски но и ненародните политики на владата на СДСМ. Делчевчани и во 2024 година ќе продолжат да се исселуваат поради неспособноста на нивниот градоначалник кој не знае и не може да излобира да започне изградбата на ски патеката на Голак и угостителските капацитети во урбанистичкиот план , со што би се отвориле многу нови работни места.
Наместо на Голак работоспособните делчевчани ќе продолжат да заминуваат да работат во угостителскиот сектор во странските држави, а во Делчево приоритет ќе продолжат да бидат Старечките домови.
Ја потсетуваме јавноста дека за Туристичкиот Локалитет Голак во Делчево во 2015 година покрај целосна реконструкција на патот за Голак, беше изработена техничка документација за Ски патека како и нов туристички капацитет ресторан Бачило во времето на ВМРО-ДПМНЕ, но со својата неспособност градоначалникот Трајковски не испеа ни еден камен да стави за развој на Голак во изминатите 6 години.
Оваа ненародна и неспособна власт на Горан Трајковски и владата на СДСМ мора да замине во минатото, за да дојдат способни луѓе кои што имаат визија, знаење и подготвеност да го развијат Голак на ниво какво што беше пред повеќе децении, но и уште повеќе!
Економскиот развој на Делчево е најважна алка за излез од сиромаштијата која е надвисната над нашата општина, но Горан Трајковски со Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски очигледно за тоа многу малку знаат освен развојот на бизниси за неколкумина функционери на СДСМ во Делчево.”
-рече на прес конференцијата Иван Гоцевски- претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани