“23.00 часот.
Се’ уште сме на седница.
За прв пат во историја на независна Македонија, Министерството за одбрана, без одлука на Собранието, во месец мај си испратило контингент во БиХ и бара да останат на мисија до месец ноември.
Ова е скандал што досега се нема случено, но е континуитет на неодговорноста со набавките на леб и месо за потребите на АРМ за кои пишував пред некој месец, а одговор не добивме.
Владата и Министерството за одбрана демонстрираат крајна ароганција и непочитување на законодавниот дом и Законот за одбрана член 41.
Собранието не може да биде гласачка машина на Владата.
*Што доколку Собранието не донесе одлука? Ќе ги вратат ли војниците?
Кој ќе понесе одговорност доколку нешто им се случи на војниците?
-напиша на фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип