Во видео интервју за Гласот на Америка Пратеникот во Македонското собрание Драган Ковачки зборуваше за повеќе актуелни теми кои што се од суштинска важност како за државата така и за граѓаните во Македонија.
На Трансатлантскиот Форум во Вашингтон каде што пратеникот Ковачки учествува заедно со колеги пратеници од Македонското собрание и колеги од земји членки на НАТО Алијансата учествувал во теми на разговор кои што се однесуваат за растечките предизвици на меѓународната геостратешка политика за НАТО Алијансата чија членка ие и Република Македонија. Доминантно место во разговорите имала состојбата со воената брутална агресија врз Украина од страна на Руската федерација, состојбата со хибридните закани, нелегалната миграција, закани од растечки авторитарни режими низ светот кои што ја предизвикуваат глобалната безбедност итн.
Исто така во рамки на својата посета на северно американскиот континент пратеникот Ковачки зеде учество во расправата на Парламентарното собрание на НАТО во Монтреал
Во продолжение погледнете го целото интервју на Драган Ковачки во кое говори и за актуелните состојби во Македонија во однос на корупцијата и криминалот кој што како метастаза се има проширено из македонското општество.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!