БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крик на младите Македонки и Македонци од вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ од скопските улици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Стефани Најденовска е млада Македонка која што е олицетворение на сите млади Македонки и Македонци кои што во овие тешки времиња преживуваат под ударот на актуелната власт. Таа го крена својот глас вечерва против деструктивните политики на СДСМ предводена од Зоран Заев. Најденовска гласно се спротивстави на грабежот врз грбот на Македонските граѓани на име на луксузот на државните функционери седнати во удобните фотелји на сите нивоа во државата. Таа застана гордо и достоинствено да говори пред присутните илјадници граѓани со својата силна верба во делото на Гоце Делчев и она за што тој се борел во текот на својот краток живот.

На крајот на својот бележит говор Најденовска ја изрази својата надеж во европската перспектива на државата со Гоце Делчев како личност која не поврзува.

Во продолжение го пренесуваме моќниот говор на Стефани Најденовска од вечерашниот протест за Гоце Делчев:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Има една теза која како млад човек бескрајно ме нервира , а тоа е дека младите не ги интересира политика. Младите ги интересира политика но поради гадостите во политиката тие се резигнирани.  А гадост е кога главните луѓе во државата ќе ги видете како го ограбуваат својот народ со Луј Витон чанта полна со пари или кога ќе видите полн авион на млади лица како си заминуваат од државата.

Македонија се брани со љубов и работа, а не со луксузирање на власта и искажани празни зборови.

Македонија се брани со љубов и работа а не со службени возила од 8 милиони евра.

Македонија се брани кога наместо празни зборови ќе задржите млади луѓе во државата.

Ова не е само борба за Гоце, ова е борба за секој еден човек кој верува во Гоце, а Гоце е темелот, основата за заедништво врз која е градена и Европската Унија.

Mладите сакаат европска Македонија, но европска Македонија во која нема да биде забрането да си ги славиме своите херои, а Гоце Делчев е токму таков.

Младите ги интересира Европска Македонија ама не онаа во која секоја година лажни преговори за датум, туку земја која ќе прави огромни чекори напред. Европска Македонија во која нема да биде забрането да си ги славиме своите херои, а Гоце Делчев е токму таков. Да испратиме порака дека Европа е нашата иднина а тука треба да не поврзуваат ликови како Делчев кој е европска вредност.

https://www.youtube.com/watch?v=ttNuJT3If2I

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace