Протестот на ВМРО-ДПМНЕ кој што попладнево се реализираше по скопските улици уште еднаш ја покажа моќта и значењето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Илјадници граѓани застанаа рамо до рамо еден до друг во одбрана на значењето, ликот и делото на Гоце Делчев во Македонската историја како камен темелник за создавањето на Македонската современа држава.
Притоа протестот беше за поддршка за зачленување на Република Македонија во Европската Унија, гордо и достоинствено почитувајки ги сите демократски придобивки на кои е темелена самата Европска унија.
На протестот кој што започна пред Министерството за правда а заврши пред зградата на Министерството за надворешни работи пред присутните се обратија повеќе граѓани, Претседателот на патриотскиот институт Александар Пандов како и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.