НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 41
С Е Ф Т Е
Станав утрово рано, први Јули е, од денес ке се врши поврат на ДДВ на граѓаните. Со брзање речиси трчам,прв да стасам во маалската бакалница, кога на вратата ме сретна пријателот Стојче.
-Каде толку рано?
ме праша.
Како каде, па нели сум пратеник, еве веќе 3,5 години.
Каков бе пратеник? Наш пратеник е Мира, а ти си обичен пензионер, како и јас?
Е тоа де откако станав пензионер само ме праќаат, иди купи ова, па она..
Стојче се насмеа:
-па вели ти стварно си пратеник, а мандатот ти трае се додека не те повика -горниот.
Купив еден литар млеко и еден килограм шекер. Вкупно 79 денари. Гледам во фискалната, сум платил 3,71 денар ДДВ. Во шекерот гледам пишува 900 гр. Не знаев дека основната мерка за тежина не е веке килограм , туку 900 грама.
-Стојче,
му велам на пријателот,
-ти беше шеф на сметководството во нашата фирма, додуша таа пропадна, ама знаеш да ми пресметаш, колку пари ке ми врати Владата со мерката МОЈ ДДВ.
-О,55 дени
-ми вели,
-собирај ги фискалните сметки и за една година Владата ке ти врати околу 450 евра.
Да живее премиерот Зоќи!
извикав на сет глас и право дома. Уште од вратата и велам на сопругата.
,,Жено,чувај ги фискалните како суво злато. Знаеш како велеше Јошко браварот ,,Чувајте неше братство и јединство ко зеницу свога ока,, ама ние очите си ги извадивме.
Жено Зоќи за една година ке ни врати 450 евра.
А колку пaри треба да потрошиме по продавниците, праша таа?
Чекај велам да го прашам по телефон Стојче, мојот некогашен шеф. Му се јавувам и го прашувам, а тој веднаш ми кажува дека треба да потрошиме 60.000 евра!
Од каде пари праша жена ми, кога имаме по 150 евра пензија.
ТИ САМО ЧУВАЈ ГИ ФИСКАЛНИТЕ, ЗА ПАРИ ЛЕСНО , КЕ ЗЕМЕМЕ-КРЕДИТ.
Пишува: Крум Николовски
Инспектор во пензија
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти