Претставници на Координативното тело на Македонците во Европа вчера 15.08.2019 година, пред споменикот на Македонскиот револуционер и идеолог на Македонското револуционерно движење од Илинденскиот период ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, во градот кој го носи неговото име- Делчево, упатија остра реакција кон Зоран Заев во врска со неговиот повик кон дијаспората да инвестирала во Македонија.
Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на прес конференцијата организирана по овој повод.
ОДГОВОР НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД СВЕТОТ НА ПОВИКОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ДО ДИЈАСПОРАТА ДА ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА
Почитувани Македонци,
разделени и расфрлани на балканот и насекаде во светот,
Убаво е да си дома, барем на неколку денови.
Судбината сакала нашите животи да бидат пресликани низ нашите печалбарски маки, насекаде низ светот, но, љубовта кон родното огниште е она што ги крепи нашите срца секојдневно.
Политичарите во Македонија сакаат и таа љубов да ни ја земат, да не’ раздвојат од нашата татковина преку разно-разни бирократски механизми за бришење на нашето постоење како Македонци.
Уништувањето на Македонскиот правосуден систем, Македонската економија, постојаниот атак врз стандардот на Македонските граѓани во изминатите 30-тина години, време е да престане.
Денеска бевме сведоци на пропагандни епизоди од Владата на Зоран Заев како ја повикува дијаспората да инвестира во Македонија.
На која точно дијаспора се обраќате? На Македонците од кои се откажавте?
Прашуваме, зошто ти Зоране Заев не ги повика фирмите од Бугарија да инвестираат во Македонија, додека им се додворуваш со идеите да го прогласиш Гоце Делчев за Бугарин?
Зошто не ги повика грчките фирми да ја развијат твојата визија за Европска Македонија во која Македонските симболи и споменици се обезличуваат прогласувајќи ги за дел од Хеленската култура?
Не Зоране Заев таквите фирми во Македонија нема да дојдат, затоа што институциите кои ги владееш се дефектни.
Наместо да создадеш услови за развој на економијата во изминатите две години, ти дозволи рекет и трговија со правдата. Така ли ќе влегуваш во Европска Унија?
Зоране, Македонците од светот не ти веруваат и нема да ти помогнат!
Она што може да се забележи на лицата на нашите роднини, пријатели, познаници од нашата младост кои останаа да живеат овде во Делчево, во Македонија е СТРАВ и ПОРАЗ.
Овде со шепот се спомнува промената на името на Република Македонија, промената на идентитетот на Македонскиот народ, направени противуставно, против волјата на мнозинството граѓани на Македонија.
Доаѓа крај на твојата репресија врз овој народ. Слободата е вистина против која не успеале да се борат многу посилни од тебе.
Твојот обид за поместување на историската вистина на штета на Македонските национални интереси е ништовен и нема да успее.
Македонците од цел свет многу бргу ќе ти го покажат твоето место во историјата.
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија
Координативно тело на Македонците во Европа
Делчево, 15.08.2019 година
Чита: Д-р Билјана Петровска
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напад со стаклен предмет пред угостителски објект во Струмица
45 годишен делчевец физички ја нападнал својата мајка
Кривична пријава против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани за пожарот во дискотеката Пулс