Дали добро познатата приказна на Дизни студиото “Убавицата и Ѕверот” добива своја Македонска филмска реинкарнација?
Во јавност главно преку социјалните мрежи се промовира новиот Македонски долгометражен филм “Лена и Владимир” кој според жанровската ориентација спаѓа во жанрот Драма/Фантазија.
Од неколкуте објавени видео најави за филмот може да се заклучи дека станува збор за модерна приказна за оттуѓување на еден човек Владимир и негов допир со надворешниот свет преку низа на околности поврзани со младата Лена која што е поранешен штитеник на дом за деца без родители. Во тизер-трејлерите може да се забележи плејада на добро познати и помалку познати актиери кои со различен жанровски потенцијал допринесуваат кон драматизацијата на содрината преку комичен, криминален или политичко-општествен наратив.
Филмот Лена и Владимир е во режија на Игор Алексов кој има уште три други режисерски остварувања а во филмската јавност исто така е познат по работата на повеќе филмски и ТВ проекти: Краткиот филм”Епизодист”, Боливудскиот филм “Мерсел”, Тв филмот “Стела” “Трето Полувреме” како и ТВ серијата “12 Мајмуни”, итн.
Сценариото за филмот “Лена и Владимир” е на Александар Русјаков во во филмот покрај насловните улоги на Владимир (Тони Наумовски) и Лена (Сара Климоска) се појавуваат и актерите: Дениз Абдула, Петар Арсовски, Кирил Коруновски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Луран Ахмети, Кирил Андоновски и други.
Премиерата за филмот за пошироката публика е најавена за 19 октомври а повеќе информации како и мултимедијални промотивни материјали можете да погледнете на официјалните веб сајт на филмот https://lenaandvladimir.com како и на социјалните мрежи на фејсбук, Тик Ток, Инстаграм и Јутјуб.
Филмот беше прикажан на затварањето на меѓународниот кинематографски фестивал “Браќа Манаки” на 29 септември.
Во краткото сиже за филмот стои дека станува збор за приказна за двајца избегани од општеството. Тој ја изгубил љубовта и се самоосудува на самотија. Таа, од домот за сираци, силувана, малтретирана, никогаш не почуствувала љубов. Кога ќе им се вкрстат патиштата, животите им се свртуваат наопаку.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер