БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е говорот кој што секој горд Македонец го очекуваше од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Струмица со почеток во 14:00 часот се одржа Втората годишна конференција на Унија на ветерани ВМРО-ДПМНЕ насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“. Во увертирата на настанот со полни гласни жици присутните ветерани во салата во Струмица извикуваа “Никогаш Северна Само Македонија” што беше силен вовед во она што следуваше.

Пред присутните во преполнетата сала се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што го имаше еден од најсилните и најинспиративни политички говори досега.

Во воведниот дел на својот говор Мицкоски се осврна на значањето на Унијата на Ветерани во историските контексти во кои нејзините членови работеле и се трошеле за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија. Низ историски настани преку кои се правени обиди за штета за Македонскиот национален идентитет и постоење Мицкоски го илуструраше денешниот обид за повторен удар врз Македонското национално битие во контекст со Бугарските уцени за европерспективите на Македонија. За ваквите бугарски уцени мицкоски нагласи дека доаѓаат од про-руски центри на влијание и моќ кои што сакаат Македонија да ја втурнат во нивниот сопствен двор на политичко влијание и геостратешки интереси од кои Македонскиот национален идентитет и државност имале само штета низ историјата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Највпечатлив дел од овој моќен говор на Христијан Мицкоски беше за состојбите и мотивите за афирмација на потребата од обединување на сите горди Македонци во пресрет на конечната битка за пораз на СДСМ и ДУИ на наредните парламентарни избори.

“Историски гледано најголемиот непријател и најголемата пречка во сите наши предизвици е неединството. Тоа е дивото месо на Македонија визави сите колективни неуспеси и порази.

Тоа неединство на народот е стимулирано секогаш од групи и центри кои посакувале на тој начин да ги заштитат личните интереси за сметка на колективниот интерес. Власта знае дека е декласирана и она што со сите сили сега преку разно-разни лакеи инсталирани во опозицијата сака да постигне е неединство. Затоа ве повикувам сите вие многу трезвено и со внимание да не подлегнувате на оние кои лажно се претставуваат и сакаат да наседнете во пропагандата дека сите се исти. Ако сте незадоволни, силно разочарани, со многу омраза и гнев за она што се случува, мораме да бидеме единствени. Многу омраза и гнев, за жал, е насобрано во нас поради сето она што се случува, а да бидеме единствени е нашата единствена опција. Само така ќе бидеме сили и нескршливи со сила за промени. Повикувам на обединување на народот против оваа власт. На една страна власта и нивните слуги и лакеи, на друга страна ние, народот на Македонија. Повикувам на единство потребно за силни промени кои ќе значат победа на принципите, надежта и заедничкиот патриотизам во кој силно верувам. Да постигнеме единство и обединување против злото кое ја уништува секоја клетка во ова општество.

Во наредниот период јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме меѓу народот, на терен. Ќе отпочнеме со нов пристап и кампања најнепосредно меѓу народот. Ќе разговараме за проблемите, но и за решенијата. Народот мора да очекува и ќе добие понуда за тоа зошто мора да има промени. Но и дека промените зависат од секој еден поединец. Силата е во секој еден од вас.

Македонија се наоѓа на крстосница!”

-рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од говорницата на Втората годишна конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Струмица

Целиот инспиративен говор кој што подолго време отсуствуваше од Македонската политичка сцена на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да го проследите во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace