Членот на Централниот комитет на Левица, м-р Круме Богевски, оствари значајна средба со радикалниот кинески функционер Џоу Чианг во Палатата на народот (кинеското Собрание) во Пекинг. На средбата се отворија клучни прашања за кршење на економската зависност на Македонија преку продлабочување на трговската размена со НР Кина, искористување на кинеските капацитети за крупни инфраструктурни проекти на локално ниво, како и за интензивирање на културната размена и зближување на двата народи.
Во рамките на посетата, Богевски учествуваше и на стратешки состанок со Меѓународниот оддел на Комунистичката партија на Кина (IDCPC), заедно со младински лидери од левичарските партии во Централна и Источна Европа.
На состанокот беа презентирани прогресивните цели од новиот петгодишен план на НР Кина за соработка со нашиот регион, план кој за разлика од западните неолиберални условувања, не се заснова на експлоатација, туку на взаемен економски, логистички, технолошки и политички развој.
Планираниот развој на НР Кина под водство на претседателот Ши Џинпинг и имплементацијата на Социјализмот со кинески карактеристики докажаа дека кога државата управува со капиталот, а не капиталот со државата, се случува историски незапаметен скок во квалитетот на животот за сегашните и идните генерации. Овој успех е директен доказ и силен мотив за македонскиот народ дека левичарските политики се единствената прогресивна алтернатива на капиталистичкото сиромаштво.
Време е за радикален пресврт во македонската надворешна политика. Наместо празни бирократски меморандуми, слепо слугување и додворување на странскиот крупен капитал, македонските политичари мора да почнат да имплементираат реални, суверени социјалистички мерки кои директно му служат на работниот народ.
Патот кон вистинска независност води преку соработка со оние кои го вреднуваат трудот и развојот. Да живее меѓународната работничка солидарност!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!