БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип.

Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој.

По првиот настан во Штип, караванот продолжува на 17 јуни во Струмица, во „Симбол ретаил парк“, потоа на 18 јуни на градскиот плоштад во Гевгелија, кај фонтаната, на 19 јуни во Куманово во „Плаза Мол“, како и на 20 јуни во Скопје, во „Ист Гејт Мол“. Караванот ќе заврши на 22 јуни во Струга, кај хотелот „Дрим“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со караванот за вработување, Лидл Северна Македонија продолжува да го гради својот тим во земјава, нудејќи им на кандидатите можност да станат дел од една од водечките малопродажни компании во Европа и пошироко. Компанијата нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени.

Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, Лидл Северна Македонија на своите вработени им обезбедува сигурна и стабилна работна средина, јасни можности за учење и напредување, како и низа дополнителни придобивки.

Повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на интернет страницата jobs.lidl.mk

Креирано од:


Пренеси го гласот