Општина Македонска Каменица потпиша Декларација за поддршка на женско претприемништво
Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски, денес ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво и изрази подготвеност и желба за вкчучување во активностите на тема женско претприемништво. Тој како главна причина за малиот број на жени претприемачи во општината ја посочи неинформираноста и смета дека треба да се работи на јакнење на свеста уште кај учениците од средно образование. Во време кога општината работи на барање на инвестиции и отворање на нови бизниси, постои надеж дека барем дел од нив ќе бидат раководени од жени претприемачи.
Извор: Општина Македонска Каменица
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Петар Ружински за Берово: Првиот впечаток за нашиот дом е најважен!
Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево
Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!