БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локалната власт во Штип вработуваат партиски послушници за зголемување на гласачкото тело, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа во врска со вработување на “партиски послушници” во ЈП Стипион.

Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип соопшти дека ЈП Стипион го следи примерот на Општина Штип и неконтролирано ја полни јавната администрација со нови вработени.

Целата прес конференција на Ефтимов ја пренесуваме во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Оваа власт нема „ни срам, ни перде“! 

Создавајќи поголемо гласачко тело, секојдневно го трошат народниот буџет, вработувајќи партиски послушници! 

Во тек е оглас за 6 нови вработувања во ЈП Стипион, кој сите нас ќе нѐ чини баснословни 30.500 евра на годишно ниво. 

Ако на високите функционери од СДС не им оди добро математика, мора да им посочиме дека за овие пари можат да асфалтираат улица, да направат паркови, тротоари или спортски игралишта. 

Но, очигледно е дека Стипион го следи примерот на Општина Штип и неконтролирано ја полни јавната администрација со нови вработени. 

Јасно е дека оваа изборна година, приоритетно за СДС е да се трошат народни пари за вработување на своето членство, а не за подобрување на животот на граѓаните! “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace