Денеска по повод денот на лозарите Св. Трифун Градоначалникот на општина Виница упати своја честитка до сите кои го чествуваат денешниот празник на свој начин.
Во Виница и виничко егзистираат поголеми површини на винско и трпезно грозје кое што има свој специфичен квалитет и доем на искуството и традицијата на локалните лозари.
Како земјоделска деност лозарството во Виница и виничко има потенцијал за сериозен развој што би значел зголемена економска активност и приходи за локалното население што сериозно треба да влезе посериозно во средиштето на надлежните институции и земјоделски власти во наредниот период.
“Нека е честит и вековит нашиот голем празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите.
Овој празник кој во нашата вера е синоним за младост и доследност кон христијанските традиции, го прославуваме со закројување на лозјето.
Нека Св.Трифун ги благослови сите лозови насади, и оваа година да дадат богат род,и полни буриња со вино и ракија, а во домовите на сите кои го празнуваат овој празник нека им донесе многу здравје, мир и благосостојба”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина