БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мајката на Градоначалникот на Штип- делегат на Собранието на Сојуз на пензионери на Македонија-информираат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја информираат јавноста дека мајката на Градоначалникот на Штип е поставена за делегат на Собранието на Сојуз на пензионери на Македонија.

Притоа од опозицијата го обвинуваат Градоначалникот Бочварски дека си ја распределува моќта во секој сегмент од живеењето на штипјани.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дека „правото на слободен избор“ НЕ „владее во секој сегмент од нашето општество“, зборови со кои СДСМ ја убедуваше јавноста пред некој ден, се докажува со овој лист хартија.
На истиот јасно се гледа дека мајката на Градоначалникот е втора по ред на списокот со делегати на Собранието на Сојуз на пензионери на Македонија. 
Ако не е претседателка на Активот на пензионерки од Штип, зошто само таа и Претседателот на Здружение на пензионери од Штип ќе ги застапуваат интересите на штипските пензионери во националниот Сојуз до 2023 година?
Ако слободниот избор, кој е карактеристика на демократските општества беше присутен при селекцијата на делегати од Штип, дали мајката на Градоначалникот на Општина Штип би се нашла на овој список?
Дали семејството Бочварски си ја распределува моќта во секој сегмент од нашето живеење?
Ова се прашања на кои целокупната штипска јавност заслужува да добие одговор.
Затоа што, јавниот и невладиниот сектор не се приватна компанија!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace