БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија е НАТО, обврските на државата стојат а само мудрата политика на Владата може да ги артикулира меѓународните текови во интерес на народот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонија е членка на НАТО. Кога Централната команда на НАТО ќе одлучи да побара војници, техника, цивилни сили или било каква логистика за НАТО потребите, Македонија е должна тоа да го направи. Независно дали ќе биде за мировна мисија, воен конфликт, војување или било што против било кого.

И не е дека некој е против или за.

Помина времето кога можеше да се биде против.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сега НЕМА НАЗАД!

И територијата на државата во било каков потенцијален воен конфликт во иднина ќе биде легитимна цел на непријателска стрелба. И колатералната штета која е неминовна ќе ја има во еден таков претпоставен конфликт.

Македонија е мала и сиромашна земја. Во рамки на геостратешките глобални политики каде доминира интересот, наш национален интерес е првенствено да обезбедиме безбедност за нашите граѓани а потоа економски просперитет и сите општествени функции на државата.

Македонија отсекогаш за свој “ангел чувар” ја имала САД. Тоа е единствена константа на меѓународен план повеќе од 100 години. Идеолошките превирања во САД не се наша работа иако таквите турбуленции во Вашингтон се рефлектираат и во Македонија. Ние едноставно не може да влијаеме на таквите разврски. Она што можеме да го правиме е да градиме Македонски национален консензус за позиционирање на Македонија на меѓународната политичка сцена а таму да правиме напори за градење на партнерства и односи кои ќе имаат реален фидбек за добробит на Македонските граѓани. Нашите партнери се оние кои што можат и ќе решат да ни помогнат во контекст на нашите Македонски национални интереси. Во тој политички дијапазон надворешната политика на Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски е многу соодветно позиционирана пред се во интерес и одбрана на тие Македонски национални интереси.

Видовме односи со администрацијата на Доналд Трамп, видовме соработка со Реџеп Таип Ердоган, видовме особено интензивна соработка со Виктор Орбан. Гледаме претставување на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред властите во Азербејџан која што како држава нуди огромни можности за соработка во наредниот период во различни сфери.

За неколку месеци актуелната влада на меѓународен план направи многу повеќе од сите години на претходно владеење на СДСМ и ДУИ, чиј што единствен меѓународен успех беше фотографијата во авиончето кога лажно обзнанија дека почнуваме преговори со ЕУ.

На левичарко-либералниот конгломерат на политичка определба во Македонија во одредена мера им се насватливи политиките на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународен план затоа што се конфронтираат со нивните политики на потчинетост, коленичење и целосна зависност и подреденост на туѓи интереси, наспроти автохтоната определба на Премиерот Мицкоски и неговата Влада за практикување на изворна, суверенистичка Македонска политика на меѓународен план.

Продорот на Македонските национални интереси на меѓународен плат е тешка речиси невозможна мисија, но тоа значи поле за докажување на Македонското лидерство пред лицето на историјата и пред идеалите на светите букви ВМРО.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace