Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево ја објави поразителната информација дека Македонија не добила финансиска помош од 530 милиони евра наменети за земјите кои потешко се справуваат со ковид пандемијата од солидарниот фонд на Европската Унија.
Според Мицкоски ваквиот однос на Европската Комисија е поради високото ниво на корупција кое што е присутнои во Македонија под раководство на Зоран Заев и СДСМ.

Во продолжение во целост го пренесуваме ставот на Мицкоски во врска со овој директен удар на власта во Република Македонија:
“На исток бркаат провизии, а запад му затвара врата на Заев зошто е корумпиран.
Вака на кратко изгледа сагата за набавка на вакцини, додека државава руши рекорди во смртни случаи поради Корона.
Денес за жал Македонија доби уште еден врел шамар поради неспособната тендер влада на Заев.
Македонија не е во групата на земји на кои Европската Комисија ќе им помогне со финансиска и медицинска помош преку солидарниот фонд чиј вкупен износ е 530М€, во кој од регионот вклучени се земјите кандидати Србија, Албанија и Црна Гора.
Јасно е дека никој не сака соработка со корумпиран премиер и влада. На исток бркаа прозивии за набавка на вакцини, на запад затвораат врата затоа што никој не дава пари на влада која е најкорумпирана во Европа.
Луѓето кои денес ги загубија животите, утре можеби ќе беа живи ако имаа избор за вакцинирање.
Ова се случува затоа што наместо да делат вакцини, тие сакаат да делат тендери на фантом фирми.”
-стои во соопштението до јавноста упатено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“