БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија во контекст на ЕУ интеграциите треба три работи да направи во претстојниот период

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешното интервју на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вестите на ТВ СИТЕЛ, повторниот дебакл на СДСМ и Зоран Заев со ветото на Бугарија за почнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, меѓу другото тој на актуелните власти во државата им сугерирашешто треба да прават во претстојниот период во контекст на интеграцијата на државата.

“Мислем дека три работи треба три работи Македонија во следниот период многу сериозно да направи.

1.Една јасна и отворена дебата што со иднината на државата, но не по прес конференции, туку една широка консултација со сите општествени структури. Јас сметам дека е грепка што минатата година Претседателот Пендаровски ја одбил идејата за членството во Европската Економска заедница, затоа што на крајот на денот граѓаните сакаат Македонија да стане член на Европската Унија за подобар животен стандард

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

2.Интензивни реформи внатре и во делот на владеење на правото и во делот на економија и искористување на европските фондови. Мене во вторникот ми беше потврдено дека една од причините зошто брзата железница завршува на границата со Србија, поддржана од Европската унија и не продолжува до Скопје е затоа што нема проект. Значи Министерството за транспорт и врски нема проект за брза железница која што би почнувала на српската граници, би завршувала на Грчката граница во Македонската територија. Јас зборувам за ова со месеци, до вторникот ми беше нејасно зошто ме омаловажуваат и исмејуваат кога зборувам за брзата железница, во вторникот сватив дека немаат проекти, не сакаат да бидат извадени на чисто дека се неработници и мораат да одат со навреди.

3.Третата работа во однос на разговорите со Бугарија, мислам дека мора да се има чесен однос а тоа е да им се кажат на политичарите во Бугарија кои се позициите на Македонија јасно, а не едно да се зборува во јавност, друго да се зборува на состаноци. Еве една информција која што не е споделена досега со јавноста: Не знам дали е Зоран Заев свесен дека како премиер на состанок кога има повеќе од едно лице од другата страна се водат белешки и од тоа се остава трага. На најмалку два состаноци на исклучително високи места од кои што едното е во Бугарија кажал разговорно дека според него мисли дека МАкедонците и Бугариоте се еден народ и зборуваат ист или сличен јазик. За потоа да се корегира во официјалниот дел дека тоа е само негово лично мислење и не е позиција на државата. Не може премиер да има лично мислење. Како тоа се кажува, тоа се запишува и влегува во белешки и после тоа се крева летвичката. Како што и видовме од врвниот бугарски интелектуалец Нешков кој што кажа дека не е точно дека Бугарија ништо не испорачала кон Зоран Заев туку му помогнала да дојде на власт. Тоа се работи кои што јавноста не ги знае односно кои се работите кои што се договарале позади завеси а очигледно немаат ништо со интересите на Македонија туку имаат многу со лични интереси на актуелната владеачка гарнитура.”

-соопшти Александар Николоски во врска со неопходните чекори кои што македонските власти треба да ги превземаат во контекст на ЕУ интеграцијата на МАкедонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace