БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Не треба да се лажат граѓаните, октомври и декември не се опции за почеток на преговори со ЕУ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседатрелот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во централниот дневник на ТВ Сител ден по недобивањето на датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, ги образложи причините за ваквиот неповолен исход на ЕУ интеграцијата на нашата држава.

Притоа Николоски како и повеќе пати во последните 4 години го предвиде идниот развој на настаните во тој поглед до крајот на оваа година дека Македонија не треба да очекува да добие датум до крајот на 2021 година поради низа објективни причини

“Не мислам дека октомври е опција и не мислам дека воопшто треба да се создава лажна надеж кај граѓаните. Затоа што и досега многу пати беше создавана лажна надеж, јас континуирано од 2018 досега говорам дека нема да има датум за почеток на преговори. Но, власта ги игнорираше сите информации, вели Николоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во различни периоди од различни причини Македонија не добиваше датум, како што беше влегувањето во иста група со Албанија, неспроведувањето на реформи, неспроведувањето на препораките на ЕУ, случајот „Рекет“, француската нова методологија, па бугарската блокада.

Јас 4 години предупредувам дека нема да има датум, но никој од власта не најде доблест та ме повика да видат како ги имам информациите и како може да помогнеме. Јавно кажувам октомври да не се става на маса, првата следна опција е декември но јас сум песимист и за тогаш затоа што Бугарија ќе има претседателски избори каде Радев ќе трча за втор мандат. Она што мислам дека треба да се прави и да се согледа реалноста. Точно е дека Бугарија стави вето, но точно дека уште неколку земји членки не се за, но не се ни против. Мене дел од тие земји членки ми го кажуваат тоа. Во вторникот бев во Луксембург се сретнав со министри за надворешни работи и комесарот за проширување.

Oдлуката за проширување не е единствената која ЕУ ја носи со консензус, и ако Македонија ги исполни условите кои им се важи на другите земји ќе ја принудат Бугарија да и дозволи датум на Македонија.

Постојат уште десетици такви одлуки и дел од нив важни за Бугарија како што е финансиската помош, доколку сите останати се убедени дека Македонија заслужува преговори ќе стават вето на Бугарија и ќе ја примораат а не става вето на Македонија, но тоа не се случи. Постојат три причини зошто има скептицизам, прво е корупцијата, немање на функционален систем на владеење на правото и во делот на безбедносни реформи и имплементација

-кажа Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот дел од интервјуто во вестите на ТВ СИТЕЛ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace