БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Единствената реформа на Заев беше тотална партизација на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

1. Грчката и бугарската пропагандна машинерија повторно во офанзива против се’ што е македонско а истовремено не е и грчко или бугарско. Ја обвинуваат Македонија за говор на омраза и анти-бугарски чувства. Па кој шири говор на омраза? Ние или Бугарите? Вице-премиер и министер за одбрана се закануваа дека ќе ни влегле до Скопје со инженериски полк да ни ги демонтирале спомениците, а нашиве министри платени да ги бранат македонските национални интереси си одмолчаа. Демек да не креваме тензии сега пред добивање на 5-6-тиот датум за преговори.

Во изборни спотови Македонија ја нарекуваат бугарска, а нашите неспособни што не’ доведоа до оваа состојба си одмолчаа. Да бевме сериозна држава досега промоторите на тие спотови ќе беа прогласени “персона нон грата” и ќе им беше изречена мерка за забрана за влез на територијата на Македонија.

2. Грците го нападнаа премиерот Заев дека ја користел придавката македонски, а овој пак јадник уште и јавно им се извинуваше и дополнително се понижуваше. Толку ли не му е јасно дека како премиер кој е платен од граѓаните, ја претставува државата и дека секоја негова постапка не е лична туку е постапка и на Македонците?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До кога со понижувањето, до кога со газењето по мртвите и плукањето во лице на идните генерации? Колку време Ви треба да сфатите дека од што и да се откажете во наше име, дека членство во ЕУ на тој начин НЕМА! Сфативте ли дека принципите од пазарот во Муртино не може да се применат во Софија и Брисел? За овој ќор-сокак до кој не’ дотераа, не се криви ниту Грција ниту Бугарија. Крив е тој што свесно манипулираше со народот дека само што не ни тргнало, дека еве само уште името да го промениме и ќе живееме подобро, а единствените реформи што ги направи беше тотална партизација и закачување на државен буџет и на “шуто и рогато” како што сам ги нарекува.

Заев и таа мала групација нека не се обидуваат да ја фрлат топката накај ЕУ. ЕУ си има свои интереси и нема поради нас да се замери со земја или земји-членки. После толку години поминати во политика, тоа требало да им биде јасно.

3. Ние Македонците ниту сме нападнале некој во минатото, ниту сме протерувале, ниту сме убивале, мачеле и беселе. Ние сме мирољубив народ што го бара местото под сонцето заедно со другите европски народи. Ако не’ не сакаат, не може да одиме со лигавење и да ги молиме да не’ засакаат, туку треба да си ги засукаме ракавите и да си постигнеме резултати дома. Значи, тој што краде треба да одговара, тој што лаже треба да биде отфрлен од средината во која живее, да нема наши и ваши компании за тендери, секој лојален граѓанин да си плаќа данок на државата, да не фрламе ѓубре каде ќе стигнеме, кога во автобус ќе дојде повозрасен, да станеме и да му отстапиме место итн. итн…Значи зборувам за промена на менталитетот и однесувањето кон државата и општеството. Тогаш кога ќе научиме самите да се почитуваме, но врз база на реални показатели, тогаш и датумот и членството во ЕУ ќе си дојдат сами по себе, а и нема да бидат толку важни, не?

-фејсбук статус на Драган Ковачки- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace