БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Властите во Штип потрошиле близу 700 000 денари за асфалт кој се распаѓа само 1 месец по поставувањето, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Штип ги прозваа властите за расипничко и неодговорно трошење на буџетски пари на граѓаните, за поставен асфалт кој што само еден месец од поставувањето се распаѓа.

“Властите не само што скоро една година доцнеа со поставувањето на модуларната болница, туку пристапот до неа, го поплочиле со 696.200,00 денари. Да, добро слушнавте!
За кратката патека до модуларната болница СДС потрошиле околу 700.000 денари за асфалт, кој, како што можете да забележите се распаѓа само ако го допрете со гола рака. Односно, овој десетина метри асфалтиран пристапен пат, кој е направен пред само еден месец, не вреди ни денар од платеното!
Неквалитетниот 4 сантиметарски асфалт, поставен од компанија која активно соработува со актуелните власти е криминално дело, за кое во иднина некој ќе одговара.
И ако некогаш СДС во Штип ги мереше сантиметрите на поставен асфалт, сега и по спецификација самата предвидува само 4 сантиметарска асфалтна површина.
Но, оваа криминална постава која моментално ги води институциите, за кратко време ќе мора да се соочи со лицето на правдата и да одговара за направената штета. “

-соопшти Душко Иванов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace