БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: во 2017 оставив 25 милиони евра во депозити и 5 милиони евра на сметка на ЕЛЕМ, за денес компанијата да бележи загуба од речиси 17 милиони евра

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој до 2017 година беше директор на тогашната државна компанија ЕЛЕМ (денес ЕСМ) со своето заминување од менаџерската позиција во фирмата на располагање на новите власти од СДСМ им оставил огромни финансиски сретства за ликвидност на компанијата, кои што во период од 4 години истата ја дотераа до питачки стап со огромни загуби во своето работење.

“Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев во енергетиката за само една година:

📍 загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

📍 загуба на МЕПСО 6 милиони евра и

📍 вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година.

За споредба на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставив со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја заврши со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании….

#МакедонијаЗаСитеЛуѓе

-напиша Христијан Мицкоски на социјалните мрежи во врска со оваа катастрофално лоша состојба во која СДСМ предводена од Зоран Заев вгнездени во сите нивоа на власт во државата ја дотуркаа една од најпрофитабилните фирми во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace