Македонија е способна за големи подвизи, инженерско чудо е изградбата на железницата Бељаковце -Крива Паланка, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
“На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина.
Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон.
Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи” напиша вицепремиерот Николоски.
Извор: Министерство за транспорт

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје