БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонскиот народ е под притисок на недемократски сили, но ќе успее да се избори во таа битка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од денешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше своја изјава во вестите на ТВ СИТЕЛ во која тој ги образложи мотивите за овој денешен протест на Денот на Македонската револуционерна борба.

Исто така Николоски ги прокоментира актуелните случувања за катастрофално лошото менаџирање на пандемијата со Ковит-19 од страна на Венко Филипче како најодговорен за здравствената состојба во државата и Зоран Заев под чија палка Македонските граѓани почнуваат да ги живеат економски најлошите денови од постоењето на Македонската држава.

Николоски го обвини власата за лицемерие преку доставувањето на законот за спроведување на мерките од четвртиот пакет за помош на граѓаните од последиците на пандемијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение погледнете ја во целост изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител:

“Видео од моето вклучување во вестите на ТВ Сител по повод 23ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба и протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ.

Истите маки со коишто се соочувал македонскиот народ во годините на основањето на Внатрешната македонскa револуционерна организација се соочува и денес.

Македонскиот народ е под притисок од недемократски сили, Македонскиот народ е под закана за уништување на македонското национално достоинство. Силно се бори и ќе успее да се избори во таа битка.

Нека е честит Денот на македонската национална борба, Денот на основањето на ВМРО.”

Креирано од:


Пренеси го гласот