“Темната страна на сонцето” е името на првиот филм на Холивудскиот актер Бред Пит во кој играл заедно со тогаш славната Милена Дравиќ.
Во филмот Милена Дравиќ ја глумела неподвижната мајка на Рик (Бред Пит) кој има ретка кожна болест.
На ова свое филмско патешествие Рик бара лек за својата болест, но попатно ја открива својата љубов и слобода.

Филмот се снимал на прекрасниот брег на Јадранското море во 1988 година пред точно 30 години.
Милена Дравиќ за Бред Пит и неговата улога во овој филм го кажала следното:
Се сеќавам дека како негова мајка во филмот сум имала некој психички проблем. Со него тогаш глумеше уште една американска актерка, но таа покасно не постигна ништо особено во светот на филмот, додека овој симпатичен дечко стана ѕвезда на Холивуд.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?