БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски до пратениците во парламентот: Цел и сретства

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Убедуваат дека целта, особено ако е висока, ги оправдувала средствата. Во духот на оваа теза некои се обидуваат да го оправдаат непочитувањето на Законот за референдум, бидејќи целта била толку висока (влез во ЕУ и НАТО) што можело да се замиже пред фактот дека нужниот услов за успешен референдум (цензусот) е погазен. Засега, настрана ја оставам забелешката дека со ваквото однесување се воведува безаконие, еднакво на самоволие, бидејќи, во оваа прилика, доволно е потсетувањето на следниве две работи. Прво, тезата дека целта ги оправдува средствата не само што е макијевилистичка, туку своите корени ги има во Инквизицијата и езуитизмот, чие мото било: „Ad maiorem Dei gloriam/За поголема божја слава.“ Второ, што ако еден ден се покаже дека проценката на целта не била точна? Односно, дека целта ни приближно не била таква каква што некој ја прикажувал, а притоа враќање назад нема, бидејќи еднаш донесената одлука е неодповиклива?

Оттука, кој и во името на што се поигрува со законитоста (легализмот) во Република Македонија, а со тоа и со нејзината судбина?

Секој пратеник во Собранието треба на утрешната седница предвид да го има ова, бидејќи (потоа) работите уште потешко ќе се вратат назад.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Статус на фејсбук на професорот на Филозофскиот факултет Љубомир Цуцуловски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace