Масовна посетеност и одлична забава го одбележаа првото издание на „Negotino OFF Festival 2019“ што се одржа по повод завршувањето на учебната година, настан кој во иднина се планира да стане традиционален, се разбира со нови и уште побогати содржини.
За времетраењето на настанот кој започна од 17 ч. и траеше до раните утрински часови, градскиот плоштад во Неготино буквално беше исполнет до последно место, како од посетители од неготинчани и соседните општини,така и со многу гости од други градови ширум земјава.

Настанот се одржа во организација на ивент агенцијата „Ентфинити“, ко-организатор и покровител беше општина Неготино, а истиот финансиски беше поддржан и од повеќе правни субјекти од неколку општини.
Свој настап пред присутните имаа GP& STEFFONATOR, Оливер и Иван, 2BONA &Tasko, Blue band, а забавата кулминираше со настапот на балканската музичка sвезда и специјалниот гостин на вечерта Саша Ковачевиќ кој повеќе од 2 часа ги забавуваше присутните на плоштадот.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните