20.000 граѓани вчера кажаа силно НЕ, на политиките на Заев со Грција.
Протестите продолжуваат секој ден. На вчерашниот протест кој се одржа пред Собранието на Р.Македонија повикаа познатата навивачка група ‘Комити’, на кој се приклучија околу 20.000 револтирани Македонски граѓани.
Збор зеде и член од Христијанско Братство, кој со емотивен и длабок говор упати силна порака кон сите што ќе учествуваат во промена на името.
Се упатија силни пораки до власта, под хитно да се прекинат средбите и договорите за промена на нашето свето и вековно име, и се додека тоа не прекине , протести ќе има секој ден од 20 часот, се помасовни.
Граѓаните силно го подржаа Претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов , му порачаа да не одстапува од законите и правилата, и да го води Македонштината напред, а граѓаните се тука за него. На протестот присуствуваа граѓани без политичка определба, од сите партии, граѓани од сите градови на државата.
Истовремено во повеќе градови низ внатрешноста на Република МАкедонија се случија масовни протести против промената на уставот согласно договорот кој што Зоран Заев го потпиша со неговиот грчки колега Ципрас.
Најзабалежителни беа протестите во Прилеп-градот на вечниот непокор и Битола-градот на конзулите!



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина