БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во духот на традицијата,  зачувувањето и афирмацијата на културното наследство и меѓународното пријателство, викендов во Оризари и Зрновци се одржа XII Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари.

Во рамките на фестивалската програма, градоначалникот Владко Грозданов присуствуваше на свечениот прием организиран за гостите и за фолклорните ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, кој се одржа во етноклубот на ФА „Љупчо Сантов“. На приемот беше истакнато значењето на меѓународната културна соработка, негувањето на традицијата и поврзувањето на народите преку фолклорот, музиката и обичаите.

Централниот фолклорен концерт се одржа на 9 мај во дворот на црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Оризари. Пред бројната публика настапија домашни и странски фолклорни друштва, презентирајќи богата програма исполнета со традиционални песни, ора и автентични народни носии. На присутните им се обрати градоначалникот Владко Грозданов, кој ја поздрави организацијата на фестивалот и придонесот во зачувувањето на македонското културно наследство и меѓународното пријателство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посебен белег на настанот даде и изложбата и дегустацијата на традиционални јадења,  на која беа претставени над 50 специјалитети од македонската и балканската кујна, подготвени од домаќини и гости од странство.

Општина Кочани продолжува да ги поддржува културните манифестации што ја промовираат традицијата, културниот идентитет и меѓународната соработка, придонесувајќи за збогатување на културниот живот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace