Овде пред пратениците треба да се образложи зошто е предложена Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Ова што денес го промовирате како постапка е лоша пракса, ова не е бирање на судија во втора лига фудбал затоа треба да слушнеме барем биографија за кандидатот, рече координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на собраниската седница говорејќи по точката на дневен ред за предлог за избор на судија во Уставниот суд.
-За кандидатот за Уставен судија Кацарска дополнително треба да слушнеме образложание поради негативните критики за овој судија. Важен е и начинот на кој таа дојде до тоа да биде предлог за судија на Уставен, рече Мицевски.
Мицевски укажа дека по неколку дена се расправа во Собранието за избор на членови на различни тела, а сега тоа се бара да се направи во краток рок.
-Бараме по можност претседателот на Судскиот совет да каже нешто кратко за овој кандидат за судија, да биде претствена барем кратката биографија. Бидејќи тоа не е случај бараме пауза од еден час да го разгледаме предлогот, рече Мицевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“