Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во рамки на настанот за промоција на нововоспоставениот тренинг центар на МВР имаше своја изјава за јавноста и граѓаните при што го коментираше значењето на овој објект ставен во служба за афирмација на демократските вредности во државата преку усовршување на работата на припадниците на полицијата.
Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат,
-Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела Агелер за нејзината лична поддршка и помош при реализацијата на овој проект, да му се заблагодарам на министерот Панче Тошковски којшто заедно со својот тим и соработниците се вложија несебично да овој објект изгледа како што изгледа. Владеењето на правото, безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност и Владата има за задача, обврска, но и цел да ја почитува оваа темелна вредност и сето она коешто се случуваше, но и она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред, изјави Мицкоски.
Сега нема привилегирање, борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е не исплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава,
-рече денеска премиерот Мицкоски од настанот во МВР.
Целата изјава заедно со одговорите на новинарските прашања на Премиерот Мицкоски моѓе да ја погледнете во видеото во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство
Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога
Владата во целост ги покрива трошоците за лекувањето, транспортот на повредените, патувањето и сместувањето на семејствата. Да не се шират шпекулации